Гостиварец се степал со полицијата и дивеел по улиците – Веднаш е уапсен

0
114

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 18 часот на улица Илинденска во Гостивар го уапсиле 21-годишниот гостиварец Д.Ш. затоа што со мотоцикл направил неколку сообраќајни прекршоци и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Исто така, соопштуваат од полицијата, било констатирано дека мотоциклот не бил регистриран, а гостиварецот го управувал без возачка дозвола.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.