Гранатирањето на Газа продолжува, борби недалеку од најголемата болница на територијата

0
47

Нападите на Израел врз градот Газа продолжија во текот на ноќта во саботата и продолжија до неделата наутро, на 12 ноември, додека копнените сили се бореа со членовите на Хамас, група која од страна на САД и ЕУ е карактеризирана како терористичка, недалеку од најголемата болница на територијата.

Здравствените власти соопштија дека илјадници лекари, пациенти и раселени лица се заробени без струја и со намалени резерви со храна и вода.

Во Газа ,жителите велат дека воздушните напади и гранатирањето траеле цела ноќ, а целта била областа околу болницата Ал-Шифа.

Израел, без да даде докази, го обвини Хамас дека крие командно место во и под зградата на болницата, шпекулации кои ги негираат и Хамас и болничкиот персонал.

R.S.E