ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчето

0
67

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена, а почина од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје, каде една недела претходно во тешка состојба било донесено од прилепската болница.

Мајката на детето за Канал 5 вели дека никој од докторите немал одговор како здраво родено дете добило сепса. Таа обвинува за негрижа, на сестрите и на докторите и додава дека според неа, бебето сепсата ја добило во прилепската болница…Од таму пак соопштија дека жената претходно имала вагинална инфекција… Од Клиниката за детски болести во скопје пак велат дека бебето кај нив било донесено од прилепската болница во исклучително тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација по што починало…Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за Канал 5 повтрдија дека случајот ќе биде тема и на денешниот состанок, а најавуваат и вонреден инспекциски надзор.
Kanal5.