Израел најави проширување на операциите во Газа

0
44

„Блиску сме до уништување на воениот систем во Појасот Газа. Што се однесува до нас – ќе продолжиме во други области. Иако има уште работа, успешно се справуваме со поставените задачи. Командантите на радикалната палестинска организација „Хамас“ мора систематски да бидат ликвидирани, а нејзината инфраструктура да биде уништена. За таа цел ќе бидат напаѓани се повеќе области, рече Халеви за време на посетата на војниците во Газа.

Во последните недели, израелските копнени сили го насочија своето внимание на северниот дел на Појасот Газа. Сепак, експертите предвидуваат можно проширување на операциите во јужните региони, каде веќе постојано се изведуваат воздушни напади.