Масовно пукање во САД: неколку мртви во психијатриска болница, напаѓачот е убиен

0
106

Масовно пукање со повеќе жртви се случи пред неколку часа во психијатриската болница во Конкорд во американската сојузна држава Њу Хемпшир. Властите соопштија дека осомничениот е убиен, објави Би-би-си.

Точниот број на мртви се уште не е познат, а полицијата до сега само соопшти само дека неколку лица се убиени во психијатриската болница. Нападот се случил околу 16:00 часот по локално време (21:00 часот по Гринич).

Државните власти соопштија дека осомничениот починал и дека ситуацијата е под контрола. Останува нејасно и колку луѓе се повредени.

На својата веб-страница болницата се опишува како „државна стационарна психијатриска установа“.

Одделот за домашна безбедност и управување со вонредни состојби соопшти дека полицајците биле „на местото на настанот и веднаш реагирале“, објави Би-Би-Си.