„Низ градовите се движеме „партизански“ кој како ќе се снајде“, лицата со телесен инвалидитет мака мачат со инфраструктурни пречки

0
84

Лицата со телесен инвалидитет во Македонија и понатаму се соочуваат со бирократски процедури да ги добијат своите помагала за да излезат од дома, а тие кои успеваат да ги набават уште пред влезот на своите домови се соочуваат со инфраструктурни пречки, со што дополнително им се отежнува животот.

Голем број од тротоарите се зафатени претежно со возила. За да стигнат до одредено место во градот мора да се движат по улици, ризикувајќи го својот живот.

Велат дека и нивната егзистенција често се доведува во прашање поради игнорантскиот однос на надлежните кон нив.

„Најголем проблем ни е пристапноста во секој објект, без разлика дали е јавен или приватен. Закони има, но тие не се почитувааат и сето тоа не ограничува за да можеме да функционираме нормално. Исто така голем проблем ни е и немоќта да се дојде до потребни помагала, затоа што законите се дискриминирачки.Фондот за здравство покрива нешто, но се е со некои клаузули, со некои недоречености, а не се гледа реалната состојба на лицето. Треба да се овозможи помагалата да се даваат според потребите на лицето, а не да има ограничување. Државата треба да ни обезбеди помагала за да излеземе од дома и да бидеме активно вклучени во сите сегменти од општественото живеење“, вели Данијела Гошева Кангов ,претседател на Мобилност Гевгелија.

Гошева учествуваше на натпреварот за табла за лица со телесен инвалидитет.Тоа е еден од ретките настани каде оваа категорија граѓани можат да се видат и да се подружат. Настанот беше организиран во тетовска Брвеница во еден ресторан кој ги исполнува сите услови за лица со попреченост. Но, што е со останатите објекти во градот, како приватни, така и државни?, прашува Веле Јакимовски претседател на Здруженито Мобилност Тетово. Загрижува фактот вели тој што образованието по дефиниција во Македонија е задолжително, а во училиштата нема никакви услови за децата со телесен инвалидет.

„Можам да кажам дека тука каде што се наоѓаме ги има сите услови во овој ресторан и соодветни тоалети и паркинзи и пристап, но каква е состојбата во другите објекти? Ние исто така имаме проблем и со додатоците што ни ги даваат. Како голем проблем е тоа што училиштата не се адаптирани за лицата со телесен инвалидитет, треба да им дефектолози. Ние сме рамноправни граѓани, а образованието велат е задолжително. Ние ги бараме правата, но очигледно ние на властите не сме им приоритет. Ние низ градот се движиме партизански, кој како ќе се снајде. Не само во нашиот град, туку во повеќе градови нема паркинг места, нема соодветни рампи. И до свеста е на граѓаните кои немаат чуство, се паркираат и на тие места кои се обележани за инвалиди. Нашето здружение имаше проблем со една перална кој переше автомобили на тротоар, сега пералната се тргна и сега таму наоколу има паркирани возила. Се надевам дека нешто ќе се среди, сега одат избори“, вели Веле Јакимовски претседател на Мобилност – Тетово.

Учесниците на натпреварот за пожалија дека се помалку млади лица со телесен инвалидитет учествуваат на ваквите натпревари и се занимаваат со спорт. Вината за тоа како што посочија е во немањето на услови за спортски дисциплини за лицата со посебни потреби.