Приведен 45-годишен прилепчанец, при претрес во неговиот дом пронајдена дрога

0
80

Четириесет и петгодишен прилепчанец е приведен денес откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.

„На 14.11.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Н.(45) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја, информираат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.