„СЛОБОДНО НЕКА ЈА ПРАТАТ СМЕТКАТА“ Крмов вели дека ќе плати ама штетата за демократијата е неповратна

0
38

Материјалната штета во Собранието ќе биде платена, но штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија е неповратна, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов.

По вчерашниот инцидент во Собранието и најавата на спикерот Талат Џафери дека Левица ќе треба да ја плати направената штета, Крмов во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, вели дека тоа не е проблем, и слободно да му ја пратат сметката, и нагласува дека во Собранието треба да има судир на идеи и повеќе политички опции, а не да биде како Влада.

Plusinfo.mk