Струмичани украле марихуана од плантажа за медицински канабис

0
49

На 14 ноември, кај место наречено Сушичко стопанство, на магистралниот пат Ново Село – Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги приведоа А. А. (33) и Р. Џ. (33), двајцата од Струмица.

Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атарот на селото Сушица, Струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа, во која имало украдени стебла марихуана.

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.