Убиени 12 лица, меѓу нив и доктори и пациенти – Ал Џазира објави дека Израел ја нападнал индонезиската болница во Газа

0
59

Најмалку 12 лица се убиени во напад на израелските сили врз индонезиската болница во Појасот Газа, објави Ал Џазира. Меѓу жртвите, според ТВ станицата, има и доктори и пациенти додела израелските тенкови продолжуваат со опколување на објектот.

Главната операциона сала е уништена, изјави извор од болницата за Ал Џазира. Медицинскиот тим информира дека болницата била нападната во текот на ноќта, без претходно предупредување и оти персоналот бара итна помош од Обединетите Нации и Црвениот Крст.