ФОТО: Најдобриот на сите времиња Ѓоковиќ ја започна 400 недела на врвот на АТП листата

0
108

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ повторно ги помести границите и стана првиот што го направи ова. Србинот денеска ја започна 400 недела на првата позиција на АТП листата.

И оваа година ќе ја заврши како прв на светот, а на новата АТП листа има моментно 11,245 поени. Со освојувањето на Завршниот мастерс во Торино, Италија, практично го обезбеди врвот на АТП листата до крајот на „Австралија опен“.

Разликата во однос на Карлос Алкараз (8,855) е 2,390 поени на крајот од оваа сезона, а Данил Медведев и Јаник Синер завршија на третото и четвртото место со 7,600, односно 6,490 поени. Листата на првите пет ја комплетира Русинот Андреј Рубљов со 4,805 поени.

Најблиску до Ѓоковиќ остана пензионираниот Рожер Федерер со 310 недели, а колку е нереален овој успех покажува овој податок. Веќе не е прашањето дали Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња, туку по оваа година прашањето е – Дали Ѓоковиќ е најдобар спортист на сите времиња?

На крајот на „Австралија опен“ ќе акумулира 410 недели на врвот и на тој начин ќе му избега на Швајцарецот Федерер за точно 100 недели.

 

С.П.