Шолц со поддршка на Израел, Ердоган со барање за хуманитарно примирје во Појасот Газа

0
55

При посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Берлин, се судрија неговите и позициите на канцеларот Олаф Шолц. Ердоган побара примирје во Појасот Газа, Шолц инсистираше на правото на Израел на самоодбрана.
Во текот на првата посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Германија по речиси четири години, германсиот канцелар Олаф Шолц го нагласи правото на Израел на самоодбрана. Истовремено, канцеларот истакна дека Германија е еден од најголемите заговорници за хуманитарна помош за жителите на Газа. „Не е тајна дека делумно имаме многу различни аспекти на актуелниот конфликт“, рече Шолц.

На прес конференцијата тој изјави дека заедно со Ердоган ја делат „загриженоста поради пожарот на Блискиот Исток “. „Секој живот има еднаква вредност“, изјави канцеларот, додавајќи дека „страдањата на палестинското цивилно население ја загрижуваат германската влада“.

Ердоган бара хуманитарно примирје
Ердоган во кабинетот на канцеларот ги критикуваше акциите на Израел во Појасот Газа. „Зборуваме за убиени 13.000 деца, жени, стари луѓе“, рече Ердоган со констатација – Газа речиси веќе не постои, „сѐ е срамнето со земјата“. Турскиот претседател повика на хуманитарно примирје во војната меѓу Хамас и Израел. Ако Германија и Турција заедно би можеле да го издејствуваат, би постоела шанса регионот да биде спасен од овој „огнен обрач“, порача Ердоган.

Посетата на Ердоган на Германија беше спорна во светлината на неговите претходни изјави за конфликтот на Блискиот Исток.

Dw.com