34-годишна битолчанка се отрула од плин во сопствената бања

0
103

Труење од плин била причината за смртта на 34-годишна жена од Битола чие тело било пронајдено во бањата од нејзиниот стан.

Екипата на итната помош, а потоа и на битолската болница не успеале да ја реанимираат младата жена.

Од полицијата само информираат дека телото на битолчанката било пренесено во болницата без видливи траги на насилство.

По наредба на обвинител извршена е обдукција.