(ВИДЕО) Се запали автомобил среде раскрсница кај Железничка во Скопје

0
275

Едно пожарникарско возило пристигна да го изгаси пожарот, а неколку полициски возила го обезбедија местото и ги пренасочија возилата од Аеродром кон центар преку улицата која води кон мостот „Беласица“.

Според очевидците, во автомобилот имало една девојка која веднаш го напуштила возилото.

Од силниот оган и високата температура испукаа и четирите гуми на автомобилот.