САД: Шест лица загинаа, над 20 се повредени во силно невреме во Тенеси

0
212

Во силното невреме што вчера ја зафати јужната американска држава Тенеси, шест лица загинаа, а повеќе од 20 повредени се префрлени во болници, а во многу градови оштетени се домови и деловни простории.

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога торнадо го погоди округот Монтгомери северно од Нешвил во близина на границата со Кентаки, соопштија локалните власти.

Засега не се познати деталите за другите три загинати лица.

Оперативниот центар за вонредни состојби во Нешвил преку социјалните мрежи објави дека три лица загинале во силното невреме во населба во близина на центарот на градот, а дека 23 други биле примени во болниците во округот Монтгомери со повреди.

Снимките објавени од пожарникарската служба во Кларксвил на социјалните мрежи покажуваат оштетени домови и остатоци расфрлани низ дворовите, превртена тракторска приколка на автопатот и оштетувања на ѕидовите на зградите.

„Ова се ужасни вести. . . Градот стои со семејствата кои ги загубија своите најблиски, ние сме тука да им помогнеме“, рече градоначалникот на Кларксвил Џо Питс во изјавата.