Прегазен велосипедист во Кисела Вода, со тешки повреди пренесен во болница

0
157

Вчера во Кисела Вода, пеесет и едногодишен скопјанец удрил во велосипедист од Тетово, по што се здобил со тешки телесни повреди.

„На 12.12.2023 во 16.35 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Христо Татарчев“ патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(51) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.З.(36) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.