Четири лица од Непал и по едно од Индија и Бангладеш приведени на скопски аеродром

0
133

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека документите ги набавиле од лице во Дубаи.

На 24.12.2023 во 16:00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници лишиле од слобода четири државјани на Непал и по еден државјанин на Индија и на Бангладеш.

Од слобода биле лишени Б.С.(31) од Индија и Ј.А.(22) од Бангладеш, затоа што при пасошка контрола на увид приложиле фалсификувани документи за привремен престој во Кипар. Додека, J.K.(41), P.T.(24), P.T.(25) и С.К.(28), сите од Непал, затоа што на увид приложиле фалсификувана виза.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека документите ги набавиле од лице во Дубаи. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.