(Видео) Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, секоја година по 24.000 луѓе стануваат сиромашни, алармира ВМРО-ДПМНЕ

0
119

„Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, народот нема за леб“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„600.000 наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден. Со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот.

Со СДС и ДУИ бројот на сиромашни граѓани за 6 години се зголемил за 140.000.

Во 2018 година бројот на луѓе кои живееле во сиромаштија бил 460.000 , денес 600.000.

Секоја година од 2018 до денес по 24.000 граѓани запаѓаат во сиромаштија. Тоа значи дека овие луѓе имаат потешкотии да си ги обезбедат и основните средства за живот, како храна и лекови.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“.

ВИДЕО.