Возеле пребрзо во населено место – Полицијата изрече околу 200 сообраќајни санкции

0
113

Во текот на вчерашниот ден (17.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потестуваат од МВР.