ВО ДЕКЕМВРИСКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА ПО ГРЕШКА Е СТАВЕН И НОВИОТ НАДОМЕСТОК ЗА МРЕЖА ОД 200 ДЕНАРИ, ВО ЈАНУАРСКИТЕ НЕМА ДА ГО ИМА

0
243

Во сметките за струја кои граѓаните ги добија за месец декември ставен е и надоместокот од 200 денари за пристап до мрежа. Оваа давачка, како што најавија од Регулаторната комисија за енергетика, требаше да почне да се плаќа од јануари.

Претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски вели дека затоа за месец јануари нема да се плаќа пристап до мрежа.

„Имавме средба со претставници на Електродистрибуција и бидејќи сметките веќе се испечатени и пратени, договоривме овој надоместок да го нема во јануарските. Потоа од февруарските сметки ќе има 200 денари надоместок за пристап до мрежа”, кажа Бислимоски.