Во Тетово три дена се расчистуваат тротоари од мраз и снег, но само во централното подрачје

0
176

Од Општина Тетово информираа дека комуналните работници продолжиле со активности за расчистување на тротоарите од мраз и снег.

“Екипите на Јавното комунално претпријатие се на терен и ги чистат тротоарите. Се фрла сол на градските тротоари за да се овозможи безбедно движење на граѓаните. Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно низ градот бидејќи ниските температури создадоа мраз на улиците и тротоарите, информираа општинските власти.

Врнежите од снег во Тетово кои паднаа во саботата на 20 јануари направија снежна покривка од околу 20 сантимиетри а властите три дена чистат тротоари, но само во централното градско јадро.