Времето денеска: Студено и сончево со мала облачност

0
88

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје, сончево и тивко.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -11 до -4°C, а максималната од 2 до 9°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-13 Попова Шапка, -8 Маврови Анови, -7 Крушево, -6 Крива Паланка, Берово, -4 Прилеп, -3 Тетово, Битола, Куманово, Виница -2 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Охрид, -1 Велес, Кавадарци, Претор, 0 Струмица, Демир Капија, 1 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

6 Попова Шапка.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

3 Битола, 1 Кавадарци.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.