Германка касната од бездомно куче во Градски парк

0
128

„На 09.01.2024 во 14.50 часот во Полициската станица Центар Н.Х.(30) од Германија пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник“, информираат од МВР.

Покрај овој случај, уште две лица биле каснати од бездомни кучиња изминатото деноноќие во Скопје. Шеесет и осумгодишна скопјанка била касната од бездомно куче во Кисела Вода, додека пак пеесет и деветгодишна жена пријавила дека била мета на улично куче на булевар „АВНОЈ“.