ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА! 13 УЧЕНИЦИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР! Плачеа и пожарникарите!

0
210

Најмалку 13 ученици од трето одделение во основно училиште загинаа, додека едно лице е повредено во пожар во интернат во Кина.

Пожарот избувнал во ученички интернат во основно училиште во близина на градот Нанјанг во провинцијата Хенан.

Чајна њуз дејли известува дека наставниците рекле дека жртвите биле главно ученици од трето одделение од основно училиште.

Противпожарната служба добила пријава за пожар во студентскиот дом на училиштето Џингкаи во селото Јаншанпу во петокот во 23 часот.

Спасувачите брзо пристигнале на местото на настанот, а пожарот бил изгаснат во 23 часот и 38 минути, но сцената била толку болна за пожарникарите што голем дел од нив со солзи во очите без зборови од болката стоеле на страна.

За еден час во близина на домот се собрале голем број граѓани, а голем дел од нив се обиделе сами да го гаснат огнот за да ги спасат децата!

Локалните власти започнаа истрага за причините за пожарот.

ПОСТ.