За само неколку часа Владата се премисли, наместо Мехмеди за директор на М-НАВ го предлага Хекуран Асани

0
116

Владата на истата седница на која првично го утврди Илир Мехмеди за предлог за член на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација во М-НАВ, во меѓувреме, го преиначила заклучокот и го утврдила Хекуран Асани за кандидат за таа позиција.

Промените во раководството на М-НАВ доаѓаат по насилниот упад на осуммина осомничени на чело со Беким Незири советник на директорот на ова акционерско друштво.

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) утре нема да го затворат македонскиот возушен простор, а штрајкот најавен за утре останува во мирување, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски.