Извршена првата егзекуција во светот со азотен гас

0
155

Затвореник од Алабама стана првиот осуденик во светот кој бил погубен со азотен гас.

Осудениот убиец Кенет Смит (58) беше осуден на смрт откако Врховниот суд на САД ја отфрли правната понуда за суспендирање на неговата казна. Смит почина во 20.25 часот во четвртокот.

Според сведоците, егзекуцијата траела околу 22 минути и се чинело дека Смит останал свесен неколку минути.

„Смит најмалку две минути се тресеше, грчеше и ги влечеше ремените со кои беше врзан. Потоа дишеше тешко неколку минути, а потоа беше невозможно да се види дали дише“ рекле сведоците.

Државните власти предвидоа губење на свеста за неколку секунди и смрт за неколку минути.

Во завршната изјава, Смит рекол: „Вечерва, Алабама го предизвикува човештвото да направи чекор назад… Заминувам со љубов, мир и светлина“.

Тој испратил знак на љубов до сопругата и другите членови на семејството кои биле сведоци.

„Ви благодарам што ме поддржувавте. Љубов, ве сакам сите“, рекол тој.

Употребата на азотниот гас е многу контроверзна, а критичарите велат дека е сурова и експериментална. Никогаш претходно не бил користен во светот.

Егзекуцијата се врши со ставање маска на лицето, која ги покрива устата и носот.

Маската потоа се пони со азотен гас. Човекот продолжува да дише нормално, но без присуство на кислород телото постепено се исклучува додека не настапи смртта – всушност задушување.

Смит беше осуден за убиство на Елизабет Сенет во 1988 година.