Македонија победнички го заврши ЕП и ќе биде носител во мундијалскиот бараж!

0
127

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Швајцарија од 29-27 (13-9) се прости од Европското првенство кое се одржува во Германија. Натпреварот во „Мерцедес-Бенз Арената“ понуди голема драма, иако во неколку наврати нашиот национален тим имаше водство и од пет гола разлика. Грешките доведоа до трилер, а за среќа Македонија издржа и запиша победа. Со овој триумф го избегнавме последното место во групата, па тоа носи дополнителни придобивки и во баражот за следниот Мундијал ќе бидеме носители.