Најмалку 18 загинати во експлозија во фабрика за огномет во Тајланд

0
121

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија во фабрика за огномет во провинцијата Суфанбури во централниот дел на Тајланд, соопштија спасувачките екипи.

– Можеме да ја потврдиме информацијата за 18 загинати, изјави член на спасувачката екипа од местото на несреќата.

Фотографиите објавени од спасувачите покажуваат дека областа била срамнета со земја од експлозијата. Полицијата потврди дека има неколку загинати, но бројот на жртви се уште не е официјално пријавен.

– Нема голема штета на куќите во соседното село, а за среќа нема човечки жртви, изјави претставник на локалната полиција.

Слична несреќа се случи во јули минатата година на југот на земјата во Сунгаи Колок. Таму во експлозија на магацин со пиротехнички средства загинаа десет лица, а повеќе од сто беа повредени.

Во Тајланд главно не се почитуваат основните безбедносни правила, што резултира со слични несреќи со човечки жртви во последните неколку години. јт/ .

Извор: МИА