Одење на кафе и чорба стана луксуз во Македонија

0
189

Цените на угостителските услуги за една година поскапеле за 10 отсто.

За периодот ноември-декември минатата година се зголемиле за 0,5 проценти.

Според Заводот за статистика, ако направиме споредба со 2022 година, тогаш излегува дека цените се зголемени за 9,8 отсто.

Ако го споредиме само месец декември, растот е за 4,3 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември минатата година во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 6,5 проценти.