Претставник на Хутите: Нема жртви и повредени во новиот американски напад, ветуваме силен одговор

0
139

Претставникот на јеменските Хути, Насрулдин Амер, денеска изјави дека нема загинати или повредени во последниот американски напад врз нивните позиции во Сана и вети „силен и ефикасен одговор“.

-Нема повредени, материјална штета или човечки загуби, изјави Амер за Ал Џезира.

Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдулсалам, изјави дека американските напади врз Јемен, вклучувајќи го и последниот врз воената база во главниот град на земјата, Сана, немаат значително влијание врз способноста на групата да продолжи да го спречува преминувањето на бродови поврзани со Израел преку Црвеното и Арапското Море, пренесоа британските медиуми.

Првиот ден од нападот на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите, вчераутро, на 28 локации беа погодени над 60 цели, додека утринава американската армија изврши нов напад врз Хутите.
Вашингтон и Лондон сооштија дека ја преземаат оваа операција поради нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА