Пронајдени граната и минофрлач во атар на село Алинци

0
155

Пронајдени граната и минофрлач во атар на село Алинци.

– На 05.01.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Џаферица“ во атар на с.Алинци, прилепско, биле пронајдени граната и минофрлач. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од местото безбедно биле подигнати една граната Ф 105 мм германско производство и еден минофрлач 62мм, кои потекнуваат од Првата светска војна, соопшти МВР.