Пронајден кокаин кај 63-годишен велешанец

0
131

Полицијата вчера привела 63-годишен велешанец откако при претрес во неговиот дом бил пронајден кокаин.

„На 14.01.2024 во 16.20 часот во Велес, полициски службници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, бил пронајден и одземен кокаин. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица“, информираат од МВР.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.