ПУШТЕНА АВТОБУСКАТА ЛИНИЈА ТЕТОВО – ПОПОВА ШАПКА, ПОВРАТЕН БИЛЕТ 200 ДЕНАРИ

0
136

Од овој викенд на Попова Шапка ќе може да се оди и со автобус. Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ воведе редовна линија на релација Тетово-Попова Шапка и обратно.

-Верувам дека ова ќе биде дополнителен стимул за посета на Попова Шапка и оние кои го сакаат скијањето да спортуваат во зимската, но и во летната сезона, бидејќи Попова Шапка нуди важни рекреации за летен туризам во оваа прекрасна природа и занимавање со различни спортови. Ова, заедно со другите инвестиции како што се новата траса на патот и асфалтирањето на патот кој води кон викендичките, како и Урбанистичкиот план, веруваме дека Попова Шапка ќе ја претвори во скапоцен бисер на регионот“, вели Касами.

Директорот на „Тетово Транспорт“ вели дека автобуската линија ќе важи само за викенд, а планираат ова да продолжи и во летната сезона.

-Линијата ќе биде активна секоја сабота и недела за сите оние кои сакаат да ги посетат убавините на Попова Шапка. Планираме истото да го реализираме и во текот на летната сезона-изјави Арбр Ајдини.

Цената на еден повратен билет на релација Тетово-Попова Шапка-Тетово ќе чини 200 денари.

Со ова се очекува да се ублажи проблемот со паркинг местата, бидејќи се случува за викенд автомобилските колони да достигнат и до 4 километри.