Трамп се појави на почетокот на вториот судски процес за клевета

0
102

Еден ден по неговата победа на републиканските прелиминарни избори во американската сојузна држава Ајова, поранешниот претседател Доналд Трамп се појави на почетокот на вториот судски процес за клевета што го покрена американската авторка Е.

Џин Керол против него во Њујорк. Судењето почна вчера во суд во Менхетен со избор на деветчлена порота.

Керол, исто така, дојде лично и – за разлика од Трамп, кој повторно ја напушти зградата за време на паузата за ручек – остана за време на воведните изјави на двете страни попладнето до крајот на судското рочиште, пренесе ДПА.

И Керол и Трамп дадоа воведни изјави преку нивните адвокати.

Во мај минатата година, поротата во Њујорк пресуди дека Трамп, очекуваниот републикански кандидат на овогодишните претседателски избори, ја нападнал, сексуално ја нападнал и подоцна ја наклеветил Керол во стоковна куќа во Њујорк во 1996 година.

Според пресудата тој требаше да и плати на Керол компензација од пет милиони долари.

Самиот Трамп никогаш не се појави на првото судење, а неговото присуство исто така не беше задолжително на почетокот на второто судење.

Пред почетокот на второто судење, судијата веќе одлучи дека дополнителните коментари дадени од Трамп се клеветнички.

Тоа значи дека поротата сега треба само да одлучи за висината на компензацијата што Трамп мора да ја плати. Керол бара повеќе од 10 милиони долари.

Во својот воведен збор, адвокатката на Трамп, Алина Хаба ја обвини Керол дека сака да се збогати и оти судењето позитивно влијаело врз нејзината кариера.

Адвокатот на Керол, Шон Кроули, тврдеше дека високата сума е оправдана затоа што неговата клиентка живее во страв од заканите што ги добива од поддржувачите на Трамп. јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА