Три лица каснати од кучиња во Скопје

0
139

Три лица биле каснати од бездомни кучиња изминатото деноноќие.

Дваесет и осумгодишна кочанчанка пријавила дека била касната од бездомно куче во Скопје.

„На 11.01.2024 во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Ј.(28) од Кочани пријавила дека на ул.„23-ти Октомври” во Скопје била касната од куче скитник“.

На Качанички пат пеесет и осумгодишна скопјанка била касната од куче.

„На 11.01.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Чаир, М.М.(58) од Скопје, пријавила дека на ул.„Качанички пат” во Скопје била касната од куче скитник“.

Во скопската населба Карпош, триесет и седумгодишна жена била касната од куче.

„На 11.01.2024 во 18.15 часот во Полициската станица Карпош, И.И.Ј.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Прашка” во Скопје била касната од куче скитник“, информираат од МВР.