Холандскиот амбасадор со порака до Ахмети -неприфатливо е да има влијанија врз Врховниот суд

0
137

За Холандија е неприфатливо да се има политичко влијание врз претседател на врховен суд, му порачa амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп, на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата за која амбасадата на Холандија информираше преку социјалните групи. На средбата, Јан Коп му пренел порака на Ахмети и дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена.

– Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да му пренесе порака дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е во ризик ширум политичкиот спектар. Исто така, несоодветното политичко влијание врз позицијата претседател на врховен суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија – наведува холандската амбасада.

Реакцијата од холандскиот амбасадор следува откако претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, откри дека има политички притисоци врз Врховниот суд. На Адеми ѝ беше поднесена и иницијатива за разрешување во Судскиот совет, за што постапката е во тек.