28-годишно момче почина од струен удар

0
393

МВР извести дека пред два дена во 15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во објект во село Маркова Сушица, скопско бил пронајден починат М.Д.(28) од скопското село Елово.

По извршена обдукција, констатирано е дека лицето починало од струен удар.