Maкедонец сруши светски рекорд: Направи 5.500 чучнувања за три ипол часа

0
167

Македонецот Слободанчо Ѓорѓиев успеа да направи несекојдневен подвиг откако скоро три ипол часа без престан правеше чучнувања и така постави нов светски рекорд.

Ѓорѓиев постави светски рекорд за најмногу направени чучнувања без престан. Светскиот рекорд го сруши на 23-ти јануари и истиот е документиран со видео на Јутјуб.

Претходниот рекорд го држеше Крис Винтер кој без престан направи 5.200 чучнувања.