Антикоцкање: Новиот закон за игри на среќа е само почеток, нашата битка ќе заврши со целосно затворање на казината

0
168

Во моменти на длабока разочараност од политиката и политичките креатори,од друга страна силно убедени во нашата битка подржани од вас граѓани, успеавме да докажеме дека државата треба да биде до нас, посочија од Движењето Антикоцкање по донесувањето на новиот Закон за игри на среќа во Собранието кој предвидува сите објекти каде се приредуваат игри на среќа да биддат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата.

Оттаму велат дека овој закон не го решава целосно проблемот, битката ќе продолжи понатака, а ова е само првиот чекор.

„Свесни сме дека овој закон не го решава проблемот во целина како што бара Движењето Антикоцкање за благосостојба на граѓанинот. Сметаме дека тоа е еден добар почеток за борба против оваа негативна појава,за прв пат се спомнува дистанца која значително ќе влијае на заштитата на нашите деца и на нашите семејства.За прв пат се спомнува дистанца,останува да се види како ќе се применува и до каде е сериозноста на овие промени.Ние од Движењето Антикоцкање ќе продолжиме и во иднина да се ангажираме се до искоренување на овој лош порок, и натаму ќе водиме битка за заштита од класичниот грабеж кој се врши над граѓанинот до нивно целосно затворање тоа е и наша цел“, рече Џемал Абдии од движењето Антикоцкање.

Малиот број на гласови за изгласување на овој закон е јасен показател дека нешто не функционира,потврдувајќи го епитетот дека ние сме коцкарска држава, додаваат од Антикоцкање.

„Ние сме против секаков вид на коцкање, било да е тоа физичко или онлајн. Ние никогаш нема да дозволиме едно коцкање да се замени со друго коцкање, така што ние до максимум ќе се потрудиме и ќе ги демаскираме сите оние што мислат дека ова коцкање ќе се замени со друго.Крајната цел е затворање на сите објекти каде се приредуваат игрите на среќа. Нашето барање беше 3 километри надвор од населени места, но имаше убиства во казината и сега ние бараме затворање на сите објекти додека не се донесе некој закон,“ изјави Џемал Абдиу од движењето Антикоцкање.

Извор СП