Белата куќа: САД нема да испратат војници во Украина

0
134

САД нема да испратат војници во Украина, соопшти денеска Белата куќа откако претседателот на Франција навести таква можност.

Претседателот Џо Бајден беше јасен кога рече дека САД нема да испратат војници да се борат во Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон, пренесе Ројтерс.

Бајден денеска се сретна со истакнати конгресмени во Белата куќа за да разговараат за финансиската помош за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави, по самитот на европските лидери во Париз, дека иако нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, „ништо не може да се исклучи“.

Несогласување со идејата за испраќање војници во Украина изразија и Германија, Велика Британија, Шпанија, Чешка, Хрватска, Грција, Полска и Унгарија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг исто така најави дека Алијансата нема да испраќа војници во Украина.