(ВИДЕО) Луѓе скокаат преку терасите за да се спасат, огнот голта се пред себе – застрашувачки снимки од пожарот во Валенсија

0
120

Најмалку 13 лица се повредени во пожар што денеска уништи 14-катница во шпанскиот град Валенсија и се прошири во соседната зграда, соопштија властите.

Зградата има 138 домови во кои живеат околу 450 луѓе.

Пожарот што избувна претходно денеска создаде облак од густ чад и на пожарникарите им е многу тешко да се справуваат со огнената стихија.

За само половина час пламените јазици ја зафатија целата зграда која е изградена во 2008 година.

На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како луѓето скокаат преку тераси за да се обидат да избегаат од пожарот кој голта се пред нив.

Според првичните информации, повредени се и шест пожарникари. Температурата во зградата е толку висока што станало невозможно да се влезе во неа.

Засега нема информации за евентуални жртви.

ВИДЕО.