(ВИДЕО) Министерот од ДПМНЕ велеше нема да се казнуваат граѓаните, сега ја смени плочата

0
172

ДПМНЕ едно зборува, друго прави. Пред само неколку дена, во интервју за Алсат М Телевизија министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ рече дека граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи нема да бидат казнувани, велат од СДСМ.

– Вчера ја смени плочата, министерот од ДПМНЕ сега вели дека ќе ги казнувале граѓаните. Наместо решенија, ДПМНЕ создава хаос и шири паника меѓу граѓаните. Не треба да се казнуваат граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи. Тие се за домашна употреба и законот дава можност за опомена. Никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот – се вели во партиската реакција.