Катица Јанева се вработи кај син ѝ, секој ден излегува од „Идризово“ па се враќа

0
210

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева доби дозвола од Управата за извршување санкции да излегува од затворот „Идризово“ за да работи во фирма. Таа од пред една недела работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, Лазар Јанев.

Оваа информација денеска ја откри самата Јанева, споделувајќи ја на социјалната мрежа фејсбук.

Катица Јанева беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од седум години беше преместена во „Идризово“, а ваквата привилегија Јанева ја добива откако одлежа речиси пет години затвор.