Масовна тепачка на тинејџери, тројца избодени со нож

0
363

Синоќа околу 21:15 часот во Белград две момчиња на возраст од 14 и 15 години се избодени со нож, додека еден тинејџер (19) се здобил со повреди на главата.

Како што дознава Телеграф.рс, најпрвин дошло до тепачка меѓу неколку лица во која биле употребени стапови и ножеви.

Најтешко повреден е 14-годишникот. Тој се здобил со контузија на мозокот, расекотина на раката и шест убодни рани во пределот на стомакот и две во грбот.