Бајден е сè уште способен за должност, изјави неговиот лекар по годишниот преглед

0
104

Американскиот претседател Џозеф Бајден „останува подготвен за должност“, напиша синоќа неговиот лекар откако беше подложен на „годишен претседателски преглед“ додека 81-годишниот шеф на државата бара реизбор.

-Претседателот Бајден е здрав, активен, робустен 81-годишен маж кој останува способен успешно да ги извршува должностите на претседателството, напишал лекарот Кевин О’Конор во меморандумот на шест страници за здравјето на претседателот по прегледот во Националниот воено медицински центар Волтер Рид кој траеше повеќе од два и пол часа.