Важна информација: Eве кога ќе им бидат готови пасошите на граѓаните кои се имаат фотографирано по редовна постапка

0
121

Aко треба да ме судат граѓаните -нека ме судат, моја беше одлуката да прекинат гужвите пред пунктовите и да има турканици.

Две и пол години граѓаните беа лажени, повторно ли се ВРМО-ДПМНЕ виновни што немаме исправи? Заклучно дененеска сите кои се фотографирани за лични исправи, очекувам за месец и половина да им бидат изготвени на граѓаните.

Не е точно дека истиот ден кога станав министер стигнаа педесет илјади обрасци, стигнаа наредниот ден, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Само Интервју.

ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на изборите и сигурен сум дека ќе формира Влада и тоа на начин што врз основа на принципи и вредности да даде максимум од себе, рече министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, во „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија.