Ванковска стигна до 7.800, а Јакимовски до 6.600 потписи

0
137

Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски веќе ги собраа потписите за да ја официјализираат кандидатурата за претседател, а на Билјана Ванковска и на Стевчо Јакимовски веројатно ќе им треба уште неколку дена. Професорката Ванковска заклучно со 27 февруари во 20 часот има собрано 7.876 потписи, додека градоначалникот на Карпош, Јакимовски, 6.676. Уште по илјада луѓе на на ден да се потпишуваат на нивната кандидатура тоа значи дека ќе ја стигнат границата пред рокот на 8 март.

Другите кандидати не можат да стигнат до илјада. Најблиску се лекарот Вело Марковски со 934 и граѓанската активистка Мерсиха Смајловиќ со 887.

Двајцата клучни кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, треба да гои добијат своите номинации овој викенд.