(ВИДЕО) Авион со дупка на трупот летал над Белград цел час

0
202

Авион на „Marathon Airlines“, авиокомпанијата која врши летови за Air Serbia, принудно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград со дупка на трупот и оштетено крило, како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.

ВИДЕО.

Во авионот во тој момент имало 106 патници, а штетата настанала при полетувањето од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата.

Според неофицијални информации, пишува N1 Србија, причина за инцидентот е краткото полетување кое го извел пилотот и недоволното време леталото да се одвои од пистата за да ја избегне светлосната

Во оваа состојба, авионот кружел над Белград еден час пред конечно да слета. Поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена за да спречат пожар.

Air Serbia соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.