ВИДЕО | Mеси се смееше по промашен пенал на соиграч

0
135

Тимот на Интер Мајами вчера одигра меч против јапонскиот прволигаш Кобе. Натпреварот заврши со победа на Кобе по изведувањето на пенали, додека во регуларниот дел не видовме погодоци.

По бурните реакции за отсуството во претходните натпревари, Лионел Меси конечно се појави на Азиската турнеја на својот тим. Аргентинецот во игра влезе во 60. минута.

Но, сега Меси беше критикуван поради реакцијата по еден промашен пенал на негов соиграч. Меси беше во друштво на Жорди Алба додека Тејлор двапати изведуваше пенал поради недозволеното движење на голманот. Тејлор и во двете ситуации промаши, а тоа беше причина Меси да се насмее со што предизвика негативни реакции.