Во партиска пресметка нападнат Небиу, директорот на Агенцијата за одземен имот

0
136

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот,Дритон Небиу, бил физички нападнат во ресторанот Седра во Тетово, по зовревањето на тензиите во Алијанса за Албанците.

Во партијата на Арбен Таравари беше одлучено на парламентарните избори да се оди заедно во коалиција со албанскиот опозициски блок,но со тоа не се согласува поранешниот лидер Зијадин Села, по што во Алијанса настана голема тензија и несогласување меѓу членството.

Како што пишува Клан, Небиу бил нападнат од Кренар Османи, близок соработник и поддржувач на Таравари. Небиу ја потврди информацијата дека вчера бил физички нападнат од Кренар Османи и рече дека инцидентот го пријавил и во МВР.

„Во СВР-Тетово пријавено е дека во хотелски објект на улица Илирија во Тетово лицето Н.Д., физички бил нападнат од тетовецот К.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од СВР Тетово.

Небиу е против одлуката на Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција. Села е за самостоен настап на Алијансата за Албанците на претстојните парламентарни избори.